Вести Македонија Топ вести

Голем е недостигот на згрижувачки семејства за деца кои останале без родителска грижа низ целата држава

Во некои градови, како Битола, речиси и да нема интерес за оваа форма на згрижување. Министерството за труд и социјала и СОС детско село, отпочнаа кампања со цел  да  се подигне јавната свест за потребата од згрижување на деца и да се зголеми бројот на потенцијални згрижувачи.

Митра Ристевска  од Битола  веќе 15 години одгледува дете кое останало без родителска грижа. Во нејзиниот дом е од најрана возраст, сега е средношколец. Митра вели дека кај мајката згрижувач нема разлика дали го родила или само го одгледува детето. Вели и љубовта и тагата и радоста се исти за сите деца во семејството.

  • Што значи згрижувач?  Тоа си пред да го земеш детето, потоа е исто како да си го родила. Го сакаш и повќе од тоа, затоа што знаеш дека на детето му треба помош и многу љубов. На сите деца им поскаувам да најдат семејство, да се згрижат, да бидат сакани, среќени и весели во семејствата, вели Митра Ристевска, згрижувач од Битола.

Во Битола  има само 4 згрижувачки семејства, интересот е исклучително  мал во споредба со соседните општини, каде бројот на вакви згрижувачи е над 30.  

  • На овие деца потребно им е семејство, потребен им е топол дом каде тие ќе растат. Згрижувачите се нашите херои, а битолчани се познати по својата хуманост, а хуманоста можат да ја изразат на овој начин, да згрижуваат повеќе деца, рече Лидија Ѓоршевска, директор на Центар за социјална работа Битола.

Министерството за труд и социјала, заедно со СОС Детско село, отпочнаа кампања за поттикнување на хуманоста за згрижување деца и зголемување на бројот на потенцијални згрижувачи под мотото „Подај рака промени живот стани згрижувач.

  • Се надеваме дека преку оваа кампања која е само почеток на нашите напори да се доближи идејата за згрижување и ќе се зголеми бројот на згрижувачки семејства и во Битола. рече Јасминка Кочовска од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Битола. 

Во државата има околу 350 згрижувачи семејства кои се грижат за  600 деца, но потребата е многу поголема. Згрижувачите за едно дете добиваат надомест над 16 илјади, а за дете со попречност околу 20 илјади. Оваа сума се зголемува за згрижување на две и повеќе деца.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе