Вести Македонија Топ вести

Ресенчанец се обидел да прегази комунални инспектори во Прилеп, полицијата пукала во гумите на неговото комбе

Прилепската полиција уапси 53-годишен ресенчанец која денеска нешто после пладне во центарот на Прилеп, пред градскиот пазар, со своето возило комби „мерцедес спринтер” се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства.

За да го запре полицијата пукала со пиштол во гумите на возилото. Тоа беше шок за жителите кои се најдоа во центарот на Прилеп кај градскиот пазар и беа непосредни сведоци на настанот.

– Според пријавеното, во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Увид ќе се врши, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од СВР Битола.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе