Вести Македонија Топ вести

Наскоро воспоставување канонски односи меѓу македонската и албанската црква

Амбасадорот на земјава во Албанија, Данчо Марковски и претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски ја посетија Корча, каде, меѓу другите, остварија средба и со корчарскиот митрополит Јован.

– На средбата посебен акцент беше ставен на канонското признавање на МПЦ-ОА, за што митрополитот изнесе искрени честитки и благослов до македонските верници. Тој најави дека се очекува набрзо да се воспостават канонски односи меѓу Албанската автокефална православна црква (ААПЦ) и Македонската, што ќе овозможи заедничко богослужење на свештеници од двете цркви, изјави Стерјовски за МИА.

Тој додаде дека митрополит Јован и досегашната соработка со МПЦ-ОА ја оценил како многу добра и оти благодарение на тоа свештеници на подрачјето на неговата Митрополија, пред сè во Преспа, службите ги одржуваат на македонски јазик.

– Во областа на Преспа, општина Пустец, која се состои од девет села населени со 100 отсто македонско население служба на македонски јазик служат отец Алексо Темелко од село Пустец и отец Ропи Арѓири од село Зрноско. Исто така, овие парохиски намесници, крштеваат и венчаваат на македонски јазик и во црквите во градот Корча за припадниците од македонската заедница кои живеат во градот Корча, додава Стерјовски

Марковски и Стерјовски имаа средби и со ректорот на Универзитетот „Фан Ноли”, проф. д-р Димитар Бело и деканите на неколку факултети, како и со префектот на Округот Корча, Нертил Јоле.

– На средбите разговаравме за соработка помеѓу Универзитетот од Корча со универзитети од Македонија и изработка на заеднички програми за изучување на македонскиот и албанскиот јазик, запознавање на културите на двете земји, пограничната соработка, положбата на многубројната македонска заедница во округот на Корча, посочи Стерјовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе