Вести Македонија Топ вести

Синдикалното столче го чека министерот за финансии

ССМ  го радикализира штрајкот.  Во понеделник во период од 7 до 10 часот наутро ќе го блокира влезот на Скопје кај населбата  Автокоманда.

„Незадоволството на работниците од јавниот сектор е огромно и поради тие причини Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува и преку други форми на синдикален притисок,​ незадоволството да го изразува на улица. Јасна порака до порака до пратениците, велат од ССМ  кои не го изгласаа амандманот  во кој се содржани синдикалните барања. Додаваат дека работодавачите треба да ги следат одлуките на дел од опшитините каде што штрајкот успеа и работниците ги добија бараните 2.806 денари“ – велат од ССМ.

Денеска имаше  само еден столче пред Министерството за финансии. Наменето за министерот за финансии Фатмир Бесими.

Синдикалците апелираат да се прифатни нивниот амандман кој не помина на првото читање во Комисијата за финансирање и Буџет, а во кој  се содржани нивните барања, линеарното усогласување и враќање на регресот за годишен одмор од наредната година.

Генералниот штрајк веќе дава резултати па во некои единици на локалната самоуправа веќе се потпишани новите договори со покачени плати за бараната сума од 2.806 денари.

Од ССМ повторија дека усогласувањето ќе го чини буџетот 30 милиони евра,од кои голем дел ќе се вратат во Буџетот, но и во стопанството.

Штрајкувачкиот одбор на ССМ пред Министерството за финансии го посетија пратеници од опозицијата за да има дадат поддршка.

Претседателството на ССМ денеска ќе има седница на претседателството на кое ќе треба да се дефинираат следните чекори, дали ќе има генерален штрајк или пак ќе се оди на порадикални мерки како што е блокирање на улиците.

Владата и медијаторот не контактирале ниту во текот на вчерашниот ден. Од Владата се на ставот дека линераното усогласување, односно 2.806-те денари се ад хок,  а не системско решение и дека тоа нема да го реши проблемот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе