Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека причината за молкот на Владата за францускиот предлог е поради тоа што тие веќе го имаат прифатено

Протоколот кој се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој е изработен и усогласен со учество на владини претставници на Mакедонија и на Бугарија и Преговарачката рамка, која е доставено од француското ЕУ-претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање на датумот за преговори веднаш да им бидат доставени на пратениците во Комисијата за надворешна политика на Собранието, побара нејзиниот претседател Антонио Милошоски.

Тој упати допис до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за надворешни работи Бујар Османи, со цел уште во текот на утрешниот ден да се одржи седница на Комисијата за надворешна политика, бидејќи задутре, кога се одржува седницата на Советот на ЕУ, може да биде и предоцна.

И опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска објави дека Според нивните информации предлогот од Париз е одобрен од каналите за комуникација помеѓу Македонското МНР и Француската Република.

Сметаат дека Предлогот не е решение на проблемот, тој ќе создаде мноштво други проблеми кои имаат за цел да ги асимилираат Македонците. Предлогот не е воопшто европски и не се потпира на вредностите за хуманост, соработка и рамноправност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе