Вести Македонија Топ вести

Што договориле историчарите за сесловенските просветители?

Заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј е веќе договорено на една од средбите на мешовитата историска комисија, но според документот до кој дојде Телма, таа одлука се разликува од протоколот кој го објави БГНес, а се однесува на двајцата сесловенски просветители.

Според документот до кој дојде Телма, историчарите од двете држави утврдиле дека делото на Свети Кирил и Методи дава суштествена основа на двете современи соседни држави за заедничка прослава.

Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република Бугарија и Република Македонија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј, се вели во документ од мешовитата комисија за историски прашања.

Заклучоците се од 2019-та. БГНЕС пак објави дека според нивниот документ имало договор за заедничко чествување на Свети Кирил и Методи, иако бил експлицитно наведен само договорот за Самуил и за итна промена на македонската училишна лекција за овој владетел.

Од друга страна, според БГНЕС, во протоколот за потпишување, воопшто не е наведена формулацијата суштествена основа на двете современи држави Македонија и Бугарија, туку само план за заедничко чествување во 2022-ра и 2023-та.

Оваа година сепак, двете држави поединечно ги славеа светите браќа и во Скопје, и Софија, и во Ватикан. На црковната прослава пак учествуваше српскиот патријарх по признавањето на Охридската Архиепископија.

Во документот до кој дојде Телма за просветителите стои дека нивното дело „ги задолжува двете држави со одговорност за зачувување на сеќавањето на делото на Свети Кирил и Методи и нивните ученици преку заеднички чествувања.“ Комисијата го потврдила и историскиот факт за првата прослава на светците во Пловдив 1851-ва година.

Процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Бугарија и Република Македонија. Следствено делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа, се вели во документот.

Документот до кој дојде Телма, е договорен од мешовитата историска комисија, што пак не е наведено во протоколот објавен во Бугарија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе