Вести Македонија Топ вести

Францускиот предлог утре во Бугарското собрание – Македонската влада ќе го чека исходот

Францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје утре е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание. На состанокот, како што јавуваат бугарските медиуми, ќе биде презентирано мислењето на Министерството за надворешни работи за нацрт-записникот од заедничката средба според член 12 од Договорот со Република Македонија од 2017 година и пакет документи на Претседателството на Советот на ЕУ, односно францускиот предлог во врска со процесот на проширување.

Во земјава, пак, продолжуваат политичките препирки зошто владата молчи и чека други земји да го кројат преговарачкиот тек на земјата. Опозицијата побара од владата итно да ги достави двата документи, Протоколот кој се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија, и Преговарачката рамка, која е доставена од француското ЕУ-претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање на датумот за преговори до пратениците во Комисијата за надворешна политика на Собранието. Комисиската седница да биде отворена за јавноста.

На ваквите барања се огласи шефот на дипломатијата кој одново негира дека владата добила официјални предлози и заклучоци.

Прво – формално досега не е добиен Француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите – членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација; оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела, напиша на својот фејсбук профил министерот за надврешни работи Бујар Османи.

За евентуален протокол единствено што може да претпоставуваме е дека станува збор за записник од одржување на Меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година, понатаму наведува Османи.

Владата останува на ставот дека на Макдонија никој не може да ѝ наметне решение и ќе почекаме како бугарското Собрание ќе се изјасни за францускиот предлог. „Јас продолжувам со секојдневни контакти со министрите од земјите членки на унијата“, дополнителни Османи за Телма.

Но, со овој став не се согласува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Обвинува дека владата го крие ставот, но и документот, бидејќи и самите владини претставници најверојатно учествувале во изготвување на истите.

Предлогот кој ги вклучува сите Бугарски барања во рамката за преговори за влез во ЕУ е со амин на македонските власти. Со предлогот се условува влез на Македонија во ЕУ со бугаризација која ќе се спроведува етапно, а сето тоа ќе биде надгледувано од Комисија. Предлогот не е решение на проблемот, тој ќе создаде мноштво други проблеми кои имаат за цел да ги асимилираат Македонците. Предлогот не е воопшто европски и не се потпира на вредностите за хуманост, соработка и рамноправност, тврдат од најголемата опозициска партија.

Во истовреме од бугарското МНР за тамошните медиуми информираат дека прашањето за почеток на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ воопшто не било покренато на редовниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ што се одржа вчера во Луксембург.

Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, премиерот Ковачевски одржал вонреден состанок со челниците на Отворен Балкан, и со Еди Рама и Александар Вучиќ утре ќе одлучат дали ќе патуваат во Брисел.

Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел, напиша Ковачевски.

Во меѓувреме, пак, бугарските медиуми јавуваат дека сите документи за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија веќе се во Комисијата за надворешна политика на Националното собрание во Бугарија.  Наводно отстранет е печатот „Тајна“. Од тамошното МНР потврдија дека доставените документи немаат таен печат и се внесени во јавната евиденција на Народното собрание.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе