Вести Македонија Топ вести

Алжирец се сокрил под автобус за да дојде од Истанбул во Македонија – пожарникар го спасил од местото каде што се заглавил

Автобусот со група кој дошол во Истанбул од Македонија во туристичка посета, застанал на улицата Февзипаша откако од возилото се слушнало звуци и превртување на човек.

Откако шоферите провериле што има под автобусот, забележале лице кое се крие во делот помеѓу моторот и менувачот.

Случајот веднаш бил пријавен и на местото на настанот дошле полициски, здравствени и противпожарни екипи.

Човекот по потекло од Алжир не сакал да излезе од местото каде што бил сокриен. По долго убедување, пожарникарите го извлекле лицето и истото веднаш било пренесено во болница.

Алжирецот имал намера преку Македонија да влезе во некоја од членките во Европската Унија, но поради топлината од моторот на автобусот, настанале изгореници на телото кај човекот, кој почнал да вика и да се отпревртува и така бил откриен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе