Вести Македонија Топ вести

Шолц: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на посетата на Софија изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Германија сфаќа дека не е лесно да се надминат историските несогласувања помеѓу соседните држави, но нашето искуство покажува дека е полезно за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите. Затоа цврсто го поддржувам постигнувањето согласност за започнување за преговорите за пристапување кон ЕУ на Република Северна Македонија и Албанија. Мислам дека има шанса за постигнување напредок. Ќе продолжиме да дискутираме до крајот на француското претседателство, и се надевам дека ќе постигнеме напредок, рече Шолц.

Петков, од своја страна, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ.

Бугарскиот премиер истакна дека владите на Бугарија и на Република Северна Македонија „продолжуваат да работат во таа насока при што бугарската Влада јасно ја иразила својата позиција за условите што треба да се исполнат за да продолжи евроинтеграцијата на Северна Македонија“.

Во овој момент Бугарија има три основни приоритети, за кои Еу треба да биде дел од гаранцијата, за да направиме чекор напред, преку европскиот процес да се гарантира вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Во исто време, ја имаме и рамковна позиција и Договорот за добрососедство. Така што, евентуалното решение треба да ги вклучува овие три приоритети. ЕУ може да даде потенцијална можност да имаме европски гаранции дека тоа ќе се случи, така што, продолжуваме да работиме како влада во рамките на постоечката рамковна позиција и договорот за добрососедство, рече петков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе