Вести Македонија Топ вести

Протест за ослободување на пејачот Ламбе Алабаковски попладенево во Битола

Тече притворот од 8 дена што му го одреди судија на претходна постапка на Ламбе Алабаковски за подметнатот пожар во културниот ценатар Ванчо Михајлов во Битола. Познатиот поп пејач по изречената мерка доцна синоќа е пренесен во притворското одделение на битолскиот затвор.

Обвинителството поведе постапка за кривичното дело. Предизвикување општа опасност и побара притвор поради основано сомнение Алабаковски да се даде во бегство затоа што има двојно државјанство, македонско и американско.

Од полицијата вчера соопштија дека 34 годишниот пејач го признал делото. Настанот се случи во саботата утрото, кога Алабаковски истурил шише бензин пред влезот на културниот ценатр Ванчо Михајлов, ставил фитил и го запалил, при што изгоре влезната врата.

Тој е уапсен три дена по инцидентот, а при претрес во неговиот дом е пронајдена и одземена облеката со која го изврши делото и  велосипедот со кој дојде на местото. За кривичното дело Предизвикување општа опасност му се заканува затворска казна од 6 месеци до 5 години.

Вечерва во Битола најавен е протест  за поддршка на притворениот пејач.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

„Митинг-двобојот“ во Тетово сепак нема да се одржи?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе