Вести Македонија Топ вести

Учениците се вратија во клупите, просветарите го замрзнаа штрајкот – комуникацијата со медијатор за преговорите веќе е започната

Речиси три недели откако учениците останаа надвор од училишните клупи, а просветарите влегоа во штрајк – наставата повторно продолжи.

Денес се предаваат лекции, а потоа заради празниците, следува тридневен одмор за средношколците и основците.

А, дијалогот помеѓу МОН и СОНК исто така ќе почека да помине продолжениот викенд пред тие да ги интензивираат разговорите и да бараат решение среде зовриената состојба во образованието.

Наставниците се незадоволни затоа што не го добиваат посакуваното покачување на платите, но денес сите се на своите работни места.

Дали ќе има одговорност за изгубените часови настава досега – од СОНК, одбиваат да коментираат.

Ниту од МОН нема информации дали и кој ќе понесе одговорност за изгубените часови настава досега, со оглед на тоа што моделот со медијаторство и водење преговори без децата да губат часови, можеше да се воспостави уште на почетокот кога се донесе одлуката за штрајк, а не по неколку недели изгубено време.

Министерството за труд и социјална политика вчера назначи медијатор кој ќе посредува во разговорите.

Дали можело да се назначи посредник и порано – нема одговори од надлежните.

Првичните обиди беа, двете засегнати страни во случајов да се договорат како социјални партнери, без да се вклучи и медијатор.

На денешната прес-конференција, претседателот на СОНК, Неделков, го повика членството да не потпаѓа под провокации и да не верува на лажни вести – вели дека штрајкот не е прекинат туку е ставен во мирување во следните десет дена.

Повика да не се политизира синдикалното движење на просветарите, нешто што во јавноста е тема од почетокот на штрајкот.

Во меѓувреме, уште денес е започната комуникацијата на претставници на МОН и СОНК со посредство на медијаторот, за да се утврдат насоките и точките за водење на разговорите кои ќе се одвиваат во следните денови.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе