Македонија Топ вести

На „Дрисла“ се горел токсичен отпад без соодветна инсталација велат од ДИЖС – од менаџментот ги отфрлаат обвинувањата

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека во „Дрисла“ со месеци се согорувале отровни материи иако претпријатието нема соодветна инсталација и потврдуваат дека претпријатието веќе има забрана за прием на таков вид опасен отпад. Од менаџментот на „Дрисла“ ги отфрлаат сите обвинувања на своја сметка и уверуваат дека ниту еден килограм опасен отпад не е согорен во нивните печки. Тврдат дека дека проблемот е само со документацијата.

Опасни и отровни материи како пестициди, киселини, отпад што содржи жива – завршиле во печките на „Дрисла“ без таму да има соодветна инсталација за третман на таков тип на материи, велат од Државниот инспекторат за животна средина. Ревизија на работењето треба да покаже колку токсични материи завршиле на депонијата, вели првиот човек на Инспекторатот. Тој информираше дека дека поради тоа на „Дрисла“ е изречено и решение за забрана да врши прием и третман на повеќе видови на опасен отпад.

Менаџментот на „Дрисла“ ги отфрла сите обвинувања од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Директорот Начевски во изјава за Телма тврди дека ниту еден килограм отпад не бил согорен и дека проблемот е само со документацијата, односно делови содржани во дозволата којашто ја имаат добиено, а кои фигурираат само на хартија.

„Јас како директор на Јавното претпријатие инсистирав во февруари месец кога ја добивавме дозволата да бидат изземени сите шифри за опасен отпад. Инсистирав бидејќи за жал не поседуваме инсталации соодветни за третман, а за да го заштитам угледот на „Дирсла“ и на Град Скопје“ – Коста Начевски – Директор на „Дрисла“.

Менаџментот на „Дрисла“ сега мора да побара и да добие дозвола за измена на А-интегрираната дозвола и да ги раскине сите склучени договори за прием и третман на опасен отпад. Во спротивно, за нив ќе следи и парична казна велат од ДИЖС, додека пак од менаџментот на претпријатието тврдат дека такво барање веќе е испратено до Министерството.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе