Вести Свет

Европски суд за човекови права: Русија стои зад убиството на Литвиненко кое најверојатно го наредил Путин

Русија е одговорна за фаталното труење на шпионот Александар Литвиненко во 2006 година, одлучи Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Слично како кај убиството на агентот Сергеј Скрипал кој беше отруен со нервниот гас „новичок“ и кај сѐ уште живиот Навални долго време се сметаше дека рускиот претседател Путин лично ги одобрувал овие акции, пишува Би-Би-Си.

Јавната истрага во Велика Британија спроведена 10 години подоцна заклучи дека убиството „најверојатно е одобрено“ од рускиот претседател Владимир Путин.

Литвиненко, поранешен руски шпион кој стана британски државјанин, беше отруен со радиоактивен полониум-210 во Лондон во 2006 година. Според британската истрага,  поранешниот телохранител на КГБ, Андреј Луговој и уште еден Русин, Дмитриј Ковтун, намерно го отруле Литвиненко, најверојатно со ставање на радиоактивниот материјал во чајот на убиениот.

-Судот констатираше дека постои силен „prima facie“ (н.з. заклучок од прв впечаток) случај дека при труењето на г -дин Литвиненко, г -дин Луговој и Ковтун дејствувале како агенти на руската држава, одлучи ЕСЧП.

Се заклучува дека неуспехот на Русија да ги побие тврдењата за организирање на убиството  дополнително укажува на одговорноста на државата.

Луговој и Ковтун, како и официјална Москва негираа каква било вмешаност во убиството. Но, според судот, токму негирањата на Русија дополнително укажувале на одговорноста

Литвиненко беше сметан за голем непријател на дведеценискиот лидер на Русија, Владимир Путин, особено поради тајните кои ги знаеше како поранешен припадник на руските безбедносни агенции.

Полониум-210 е редок материјал, се добива во нуклеарен реактор, а емитува алфа зраци (наместо  гама зраци). Алфа зраците се премногу слаби за да влезат во организмот преку кожата, но ако се проголтаат, тие се смртоносни, предизвикуваат кршење на клеточни ѕидови по што откажуваат органите. Литвиненко почина после 3 недели болничко лекување во ноември 2006-та.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе