Uncategorized

Синдикатите лути- корупцијата не е кај администрацијата туку кај функционерите

Корупција нема кај администрацијата оти тие работат по налог на претпоставен, а високата корупција е кај високите функционери – тврдат синдикатите.

Лавина реакции по изјавата на премиерот дека корупција има но не кај министрите и директорите, туку кај административните службеници. Синдикатот на УПОЗ бара средба со Заев, да им даде докази, и да им објасни дали тоа му била несреќна изјава или гаф.

Велат администрацијата е на тапет со години,а под тепих се ставаат проблемите – условите и ниските плати за кои работат, за дел од нив пониски и од  минималната.

„Од она што вчера разговаравме со нашите членови, баш и за тоа се изненадени, можеби реакцијата на нашите чланови ќе беше по мека, да кажам,доколку  беше посочено дека во сите ешалони на власта има корупција, високата корупција е кај високите раководители“ – изјави Пецо Грујовски , претседател на УПОЗ

“Очекуваме конкретни докази, во смисла на конкретна бројка или процент на вработени во овие служби против кои што постојат правосилни одлуки за некој што бил осуден за дело поврзано со корупција” – тврди Верица Тасева, претставник на вработените во правосудство.

Прашуваат и ако службеникот е корумпиран, дали неговиот шеф е организатор или поддржувач?

“Ако се посочува дека службеникот е корумпиран службеник, дали раководителот на органот е поддржувач или организатор на корупција доколку дејствувањето не го промени. Втората одредба лежи во законот за укажувачи, од 16 министерства само двајца министри имаат овластено свиркачи различни од самите нив. Дали сметаат дека останатите 14 министри се толку достапни за вработените да можат слободни кон нив да ги пријават методите или елементите на корупција за кои што имаат сознанија” – изјави Александар Диље , претставник на вработените во министерствата.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати пак тврдат – корупцијата треба да се бара кај власта.

“Корупцијата во највисоките ешалони на власта постои, а тоа го покажуваат бројни извештаи меѓу кои тој на Транспаренси Интернешнл и на Стејт Департментот, па што и да речете, на кого и да ја префрлате вината, Вашата Влада, заедно со Министерствата и државните органи се оние кои што се корумпирани” – тврдат од КСС.

Реакции стигнаа и од политичките партии. Алијанса на Албанците бара извинување од Заев. ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Ден Дончев и Драги Драшковски не се прв ешалон на власта?

И за антикорупциска, постапките кои ги води докажале дека третиот ешалон не е во можност да одлучува. Велат во нив има утврдени состојби на злоупотреба на функции од страна на пратеници, министри, директори, членови на управни и надзорни одбори.

Премиерот пак без конкретен одговор за синдикалците, но со нов став.

Од владината служба одговорија дека – тоа што 5-мина високи политичари се веќе со правосилни пресуди во затвор, треба да е сериозна порака за секој политичар  особено за тие од 1 и 2 ешалон, не само за администрацијата.

„Премиерот Заев има јасна порака до сите, да внимаваат, оти сега се’е јавно, сите знаат се поради транспарентноста – учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето.- велат  од Владата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе