Uncategorized

Нема служби за спасување на дел од плажите на Преспанското езеро

Поголемиот дел од плажите на Преспанското езеро немаат служби за спасување, иако законски се обврзани да имаат најмалку еден спасувач. Од 7 плажи со концесионери вдолж источното крајбрежјето, само две имаат ангажирано спасители на вода. Останатите, на западниот брег, немаат концесионери, ниту пак спасувачи. Oд спасувачкиот тим на битолскиот Црвен Крст велат дека  задолжителното присуство на спасувачите и нивната брза интервенција  може да се спаси човечки живот.

-Брзината многу знчачи при спасувањето, но превенцијата е глвна цел. Ако ние превенираме навреме, ги отстраниме опасностите, шансите да се случи несакана последица по човечки живот се намлаени на минимум. Сметам дека секој концесионер мора да обезбеди барем по еден спасител на плажите, вели  Александар Ацев, координатор на спасувачи на Црвен Крст Битола

Сериозен проблем и голема опасност се и пловните реквизити во езерата кои немаат соодветна опрема, велат од Црвениот крст, а педалинките се најнебезбедни.

-Како голема аномалија се некои спортски реквизити кои се употребуваат во езерото. Секој што ги користи педалинките треба да има соодветно елече за спасува, без оглед дали е добар пливач или не, без оглед какава  еконфигурацијата на теренто, дали е плитко или длабоко езерото, вели Ацев.

На Охридските плажи кои годинава  се слободни за сите посетители, на барање на локалната самоуправа Црвениот Крст ангажира тим на спасители, кои вршат обиколка со чамец во вода, со велосипеди или пеш на копно. И од охридскиот Црвен крст апелираат посетителите и издавачите на пловни реквизити, педалинки, кајаци и др.,  да се придржуваат на препораките и мерките за безбедност на плажите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе