Ковид19 Свет Топ вести

Фаучи: Делта сојот најголема закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19

Делта варијантата на коронавирусот, што за првпат беше откриена во Индија, е најголемата закана за напорите на САД за искоренување на Ковид-19, изјави на прес-конференција американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи.

Делта сојот на коронавирус е несомнено полесен за пренесување отколку оригиналната варијанта, нагласи Фаучи, додавајќи дека тој вид станува глобално доминантна верзија што предизвикува посериозна клиничка слика кај пациентите.

Фаучи потсети дека вакцините одобрени во САД, вклучувајќи ја и вакцината Фајзер/Бинтек, се ефикасни против тој сој.

Имаме алатки и мора да ги користимеза да го спречиме новото ширење на вирусот, рече Фаучи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Една година од масакрот во „Рибникар“, колони луѓе им оддадоа почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе