Ковид19 Македонија Најважни

Во штипскиот ковид – центар 66 отсто од пациентите на кислородна поддршка

Во штипскиот ковид – центар денеска се хоспитализирани 86 пациенти, но 57 од нив се на постојана кислородна поддршка. Тоа значи дека 66 отсто од пациентите се зависни од кислород.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради тешката клиничка слика на пациентите, кои болнички се лекуваат овие денови потрошувачката на кислород достигна и над еден тон.

-Не знам до кога ќе биде оваа потрошувачка и ќе расте најверојатно наредниот период. Но, со поставувањето на резервоарот со течен кислород малку по малку ќе ни се олесни. Колку повеќе растеше потрошувачката, тоа повеќе ни изискуваше повеќе кислородни боци и ангажман на вработените и на добавувачите, вели Ѓеорѓијев.

Забележува дека меѓу пациентите имаат и млади, но доминираат тие над 60 години. Ѓеорѓијев вели дека поголемиот дел од пациентите се со коморбитети, а овој трет бран е далеку потежок, во споредба со есенскиот. Во болницата имаат и неколку новозаразени здравствени работници и технички персонал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе