Вести Македонија Топ вести

Невладинитe бараат Владата да ги вклучи во решавањето на проблемите нотирани од УНЕСКО

Владата и министерствата мораат да ги објават сите инофрмации кои се однесуваат на Охридскиот регион а кои ќе бидат во нацрт извештајот кој треба да се достави до УНЕСКО и мора да го вклучат невладиниот сектор и експретската јавност во дебатата и во самото изготвување на извештајот.

Алијансата „Разбистри се“ во која има 31 невладина организација и високообразвони институции денеска со дописи до премиерот, министрите за култура и екологија  и дирекотрите на управите за заштита на културното наследство и животна средина побараа да запре инфромативниот мрак и молк и тие веднаш да бидат вклучени во процесот.

Забелешките на невладиниот сектор и експертите мора да бидат вградени во нацрт извештајот кој ќе биде доставен до УНЕСКО.

Невладините реагираат дека Владата ја крши Архуската конвенција чиј е потписник со тоа што изолирано го води процесот и го изготвува овој нацрт извештај. Овој извештај кој според информациите на Телма, до крајот на идниот месец ќе биде доставен до УНЕСКО, ќе биде земен предвид при изготувањето на конечната препорака дали Охрид и Охридскиот регион ќе биде ставен на листата на заштитени подрачја во опасност. Препораката зависи и од нацрт извештајот на Рекативната мониторинг мисија на УНЕСКО кој на почетокот на овој месец им беше доставен на надлкжните во државата а на кој и Македонија и Албанија веќе доставиле одговори.

Алијансата „разбистри се“ е на став дека во моментов е подобро Охридскиот регион да биде ставен на листата на заштитени подрачја во опасност бидејќи нашата Влада нема капацитети и воља сериозно да се зафати со решавање на проблемот.

Во последниот нацрт извештај од мониторинг мисијата се нотира дека речиси и да нема никаков напредок од 2017 година и се посочува на недоволна заштита на старата градска архитектура, несоодветна конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти, дивоградбите долж крајбрежјето, поставувањето урбана опрема околу најзначајните знаменитости во градот. Во извештајот има препораки за целосна забрана за градба, уривање на дивоградбите, отстранување на објектите кои функционираат како плажи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

„Вреди“ тврдат дека ДУИ повикува на тивок бојкот за претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе