Uncategorized

Во битка со пандемија и инфодемија

Борбата против дезинформации поврзани со пандемијата на Ковид 19 во овој миг е исклучително важна, денови во кои сведочиме на зголемување на бројот на заразени во земјава. Според истражувањата наративите за заговори и настанокот на вирусот се податливи за македонските граѓани за што говори и анкетата која ја спровеле Метаморфозис и Евротинк.

 “Кај нас речиси половина од граѓаните сметаат дека е создаден во лабораторија намерно, најчеста категорија се агностиците кои не знаат и одбиваат да одговорат, посебно возрасните граѓани што се информираат преку телевизија тежнеат да бидат поголеми агностици од помладите и од оние што се информираат преку интернет. Дека настанал природно е официјалната теорија во која веруваат 15 % , дека е настанат во лабораторија по грешка и работеа на некакви пермутаци, меѓутоа им избегал веруваат 6% и дека не постои веруваат само 5%” – изјави Љупчо Петковски , истражувач од “Евротинк”.

Бројни се примерите на социјалните мрежи каде различни содржини и фотографии се ставаат вон контекст за да се привлече внимание и сензационализам.

Критичкото мислење е пресудно во вакви ситуации, смета Јашари.

“Ние како корисници на информациите кои ни доаѓаат од разновидни извори на интернет треба да бидеме во состојба да ги анализираме, да ги ставиме во одреден контекст, да ги контекстуализираме, да ги поврзуваме со други информации, да размислуваме критички, да бидеме во состојба да го процениме нивниот квалитет и врз основа на тоа да носиме судови и одлуки базирани на факти” – тврди Бардил Јашари, извршен директор на “Метаморфозис”.

Според Петрески мора да се најдат начини да се промовира вистината најефикасно и на тој начин да се спротивставиме на ширењето дезинформации.

“На пример 17- те разузнавачки агенции на САД излегоа со заедничка изјава каде што рекоа дека тоа не е точно. Дека не станува збор за вирус кој е создаден од човекот, ниту прилагоден од човекот. Туку дека станува збор за природна појава” – оцени Владимир Петрески.

Критичкото мислење има пресудна улога за да се разграничат манипулациите во начинот на информирање, сметаат учесниците на панел дискусијата во рамките на Деновите на медиумска писменост.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе