Македонија Топ вести

Роковите течат, партиите преговараат, граѓаните во исчекување

Рокот за формирање на паралментарно мнозинство истекува во петок, а партиите далеку од очите на јавноста продолжуваат со преговорите околу евентуална коалиција и формирање на Влада. Засега официјално ниту СДСМ ниту ВМРО – ДПМНЕ немаа постигнато договор со ДУИ или Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива чии мандати се неопходни за да се стигне до бројката од 61 пратеник.

Она што е познато е дека СДСМ и ДУИ секојдневно имаат средби на повеќе нивоа кои резултираа со приближување на ставовите и начелна согласност околу приоритетите при евентуалното формирање на Влада.

Во разговорите со ДУИ целосно сме согласни за  почитување на Договорот од Преспа, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ. Неопходни ни се квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни. Партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен, порачуваат од СДСМ.

Сепак и СДСМ и ДУИ не откриваат во која фаза се преговорите, дали има и кои се евентуалните проблематични прашања и колку влијаат врз процесот на преговори.

ВМРО – ДПМНЕ пак, вчера и денес фокусот го префрли врз СДСМ од кого бара да објави јавно со кого е постигнато мнозинството од 61 пратеник и доколку не го сторат тоа обвини дека се манулупилаат граѓаните. Оттаму додаваат дека средбите со партиите од албанскиот блок продолжуваат но без прецизни детали.

Каолицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива останува на ставот, учество во парламенмтарно мнозинство а потоа и во Влада заедно со ДУИ само доколку Насер Зибери биде премиер.  Во сите останати сценарија би настапиле сами.

Од ДУИ, освен заедничкиот став испратен по средбата Николовски – Груби, нема информации околу текот на преговорите со СДСМ но и со ВМРО – ДПМНЕ со чиј лидер имаше средба Али Ахмети.

Во втгорникот се одржа конститутивната седница на парламентот на која не беше избран нов сопбраниски спикер но и покрај тоа роковите почнаа да течат. Според Уставот, претседателот Пендаровски е има рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот домда го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партии што имаат мнозинство во Собранието а идниот мандатар пак има рок од дваесет дена од денот на доверувањето на мандатот да поднесе програма и предлог состав на Владиниот кабинет  до Собранието.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе