Вести Македонија Топ вести

Да се забрза евроинтеграцијата и ЕУ да помогне во ублажување на економската криза- на Самитот во Брдо усвоени заклучоци

Лидерите на балканските земји ја повикаа ЕУ да ја забрза нивната интеграција и да помогне на Западен Балкан да се ублажи економската и енергетската криза. На Самитот од процесот Брдо-Бриони повикаа да и се додели кандидатски статус на БиХ, и да се укинат визите за цел Западен Балкан.

Лидерите на балканските земји не усвоија заедничка декларација. Наместо тоа, на Самитот во Брдо се усвоени заклучоци.

  • Се откажавме од декларација, а на крај добивме заклучоци што е во принцип иста работа. Тоа е некаков најнизок назив, најнизок заеднички назив, но и натаму заеднички за кој можевме да се договориме. Се друго би не водело..и од тоа се откажавме пред една недела- Зоран Милановиќ претседател на Хрватска.

Средбата одново ги покажа големите разлики меѓу балканските земји, како односите Белград-Приштина и стуацијата во Босна и Херцеговина.

  • Покажавме многу разлики, дијаметрални ставови, но раговорот течеше цивилизирано, рационално и тоа е се што имам да ви кажам- Александар Вучиќ претседател на Србија.

Она за што се согласија лидерите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, задено со лидерите на Словенија и Хрватска е содржано во шест заклучоци, со кои заврши состанокот од процесот Брдо-Бриони. Во заклучоците се поврторува дека политиката на проширување на Унијата е најдиректен придонесувач за мирот и стабилноста во регионот, и повеќе од кога и да е е геополитичко прашање. Се апелира да се забрза процесот на интеграција на балкансите земји. До крајот на годината да и се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина и де се укине визниот режим за целиот Западен Балкан, исто така, до крајот на годината. Балканските земји бараат и помош од ЕУ за да се ублажат последиците од енергетската и економската криза.

  • Институциите на ЕУ да преземат храбри одлуки и да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан и да им овозможат пристап до механизмите на Унијата со цел полесно справување со економската и енергетската криза- Стево Пендаровски претседател на РС Македонија.

Водачите на процесот Словенија и Хрватска го сметаат овој самит за успешно завршен.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе