Вести Македонија

Нови мерки засега нема, одлучи Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести констатирала дека состојбата во болниците е стабилна, а притисок има врз матичните лекари

Затоа од наредната недела пет Ковид-амбуланти ќе бидат отворени во Скопје, зошто тука е и најголемиот број на акривни случаи и новозаразени. Амбулантите ќе бидат во петте поголеми поликлиники. Ќе прегледуваат матичните лекари, по систем на ротација односно дежурства.

Нови мерки засега нема, затоа што главниот параметар – бројот на хоспитализирани е мал и системот сѐ уште не е оптоварен. И покрај порастот на епидемиолошката крива, Македонија уште се наоѓа во т.н. “зелена зона”.

Кај речиси 90 проценти од тестираните е потврдена варијантата БА.5, потврди вчера ИЈЗ, а сега и од Комисијата за заразни болести.

Симптомите се бројни, а стомачните проблеми се само дел од нив. Нема симптом кој доминира и по кој посебно се одликува подваријантата на Омикрон, БА.5.

Температура, течење на нос, гастроинтестинални проблеми, тоа сѐ е дел од симптомите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе