Вести Македонија

Реџепи ја напушта Алтернатива, ќе дејствува како независен пратеник

Пратеникот Скендер Реџепи ја напушти Алтернатива, дознава Телма. Тој денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери испратил известување дека во иднина ќе делува како независен пратеник.

Се обидовме да добиеме објаснување за причините за ваквиот потег, но Реџепи не одговара на телефонските повици.

Од Aлтернатива велат дека Реџепи подолго време не се појавил во партијата и побараа да го врати мандатот.

Алтернатива е сплотена и нема никаков раздор. Секој е таму каде што сака. Секако, ако зборуваме за пратенички мандат добиен во име на партија, би требало тој мандат да се врати таму. Граѓаните не гласале за независен кандидат, туку за партиски кандидат“, велат од партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе