Вести Македонија

Колев од „Православна Бугарија“ за можниот став на БПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА

Какво ќе биде мислењето на Бугарската православна црква за процесот на стекнување автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Се уште за ова не заседавал синодот а реално настаните се одвиваат брзо, вели во разговор за Телма,  Николај Колев од здружението „Православна Бугарија“.

Тој истакнува дека само еден епископ од БПЦ се очекува да изрази несогласување со името Охридска архиепископија, но им препорачува на духовните лица и во Бугарија и Македонија да ги читаат делата на Академикот Иван Снегаров, кој има објавено двотомна историја на Охридската Архиепископија.

Со Николај Колев во дворот на црквата “Свети Ѓорѓи Победоносец” во Фанер, Истанбул, разговараше Билјана Ставрова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе