Вести Свет Топ вести

Советот за безбедност на ОН утре ќе донесе одлука по барањето на Палестинците за полноправно членство

Советот за безбедност на ОН утре ќе одговори на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите Нации.

Доколку барањето биде одобрено, според американската претставничка, тоа членство нема да им помогне на Палестинците да добијат државност.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас изјави дека не ја видела резолуцијата на ОН, која би помогнала да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт со решение со две држави.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа.

Набљудувачите предвидуваат вето на САД, кои веќе се спротивставија во 2011 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе