Вести Свет Топ вести

Во Хрватска се одржуваат парламентарни избори

Утрово во Хрватска почна спроведувањето на парламентарните избори на кои право на глас имаат над 3.771.000 избирачи во земјата и во странство. Главни конкуренти се владеачката десничарска партија  ХДЗ и социјалдемократкста партија СДП.

Актуелниот премиер од ХДЗ Андреј Пленковиќ е во потрага по трет последователен мандат за претседател на владата додека СДП, раководена од Пеѓа Грбин се обидува да извојива победа на левичарските и прогресивни партии по цели 8 години порази на парламентарни избори.

Во изборната трка се вклучи и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ којшто се приклучи на матичната партија СДП, но поради функцијата, Уставниот суд на Хрватска му забрани предизборни активности и директно кандидирање за премиер.

Хрватска има Парламент познат како Сабор кој има 151 пратеник. 140 пратеници се бираат во 10 изборни единици во Хрватска. Осум пратеници се бираат преку малцинските листи во една изборна единица на цела територија на државата. Иште тројца пратеници се бираат во хрватската дијаспора.

Анкетите покажуваат предност на владеачката ХДЗ, но и раст на СДП во однос на претходните избори. Свои листи со бројки кои ветуваат влегување во парламентот имаат и две големи десни конзервативни партии (МОСТ и Татковинско Движење) како и повеќе партии на левицата (Можемо, Фокус, Работнички фронт, Истраски демократски сојуз).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе