Вести Македонија Топ вести

(видео)Адамчевски во Топ Тема: Нетанјаху не е човек од доверба

Може ли да се предвиди дали последниот судир Иран – Израел ќе остане изолиран?
Како ќе продолжи децениската „војна во сенка“  и колку е одржлив регионалниот (не)мир?

Вечерва во Топ Тема дебата со д-р Зоран Иванов, асистент професор по меѓународни односи на Економско технолошкиот универзитет во Анкара и Мирче Адамчевски, новинар.

„Западните земји повикуваат Израел да се воздржи од одмазда, но најпрво го осудуваат потегот на Иран и не може со сигурност тоа да се тврди затоа што Нетанјаху не е човек од доверба и човек којшто може да потклекне под нечиј притисок. Знаеме тој имаше поддршка во Газа, но кога работите почнаа да ескалираат, со огромен број човечки жртви, а САД гласаа  воздржано во Советот за безбедност, Нетанјаху продолжи и понатаму со својата политика. Така што и сегашните заложби на Западот не се гаранција дека Израел може да се воздржи од удар врз Иран“, рече
Мирче Адамчевски, новинар.

Според информациите, рече тој, Американците преку свои канали го убедувале и Иран да не презема напади врз Израел иако тие најавија одмазда за нападот врз нивното дипломатско претставништво во Сирија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе