Вести Македонија

Водата во Скопје е безбедна за пиење, известуваат од ЈП ,,Водовод и канализација” – Скопје

Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од Секторот за санитарна контрола, во периодот од 8 до 12 април , известуваат дека имаат спроведено испитувања. Тие се состојат од земени 158 примероци за физичко-хемиска и 158 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење, од 45 мерни места во градот Скопје.

Согласно добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – Службен весник на РМ, број 183/18, се наведува во соопштението на претпријатието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе