Вести Македонија Топ вести

Горат националните паркови Шар Планина и Маврово

Речиси три дена ренџерите на Националниот парк Шар Планина се бореа со пожарот кој беснееше над селото Селце. Со метли, лопати и грбни пумпи ги гаснеле пламените јазици кои “голтаа” шума, приватен имот и ливади. Зафатена е голема површина поради силниот ветер кој го интензивираше пожарот во текот на вчерашниот ден. Сега е ставен е под контрола, но и понатаму се следи.

Пожарите на Шара зачестија годинава, а најчеста причина за нивното избувнување, покрај климатските промени, е и човечкиот фактор, поради што од Установата апелираат до граѓаните на поголема внимателност.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека и во Националниот парк Маврово ранџерите гаснат пожар на поголема површина, при што се зафатени пасишта, смрека и папрат, на непристапен терен, поради што е ангажиран и хелихоптер на МВР.

Инаку во изминатото деноноќие имало вкупно 12 пожари на отворено.

Шумските пожари годинава започнаа многу рано, а предизвикот за справување со нив ќе биде уште поголем во летниот период, поради тоа што Дирекцијата за заштита и спасување се соочува со критичен недостиг на пилоти. Останува само еден, затоа што другите двајца се пензионираат.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе