Вести Македонија Најважни

Пендаровски ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ ако ги внесат Македонците во бугарскиот Устав

За неполни 20-тина минути, делегатите на конгресот на СДСМ изгласаа актуелниот претседател на државата повторно да биде нивни кандидат на изборите. Најголемиот дел од своето обраќање Пендаровски вечерва го посвети на критики кон ВМРО-ДПМНЕ. Обвини дека анкетите им се лажни, дека трендовите се менуваат, а можностите што ги нудат се неодржливи.

Претседателот на партијата, пак, рече дека на граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.

Пендаровски по третпат влегува во претседателска трка како кандидат на СДСМ. Во 2014-тата загуби од Ѓорѓе Иванов, но во 2019-тата ја победи Гордана Силјановска како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и нивните коалициони партнери.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе