Вести Македонија Топ вести

Изгаснат пожарот на границата со Грција – ќе се дежура во текот на ноќта

Големиот пожар кој денеска избувна на границата со Грција помеѓу општините Богданци и Дојран е изгаснат и во моментов, според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) нема никакви значи на горење.

Пожарот избувна околу пладне, а потврда дека е изгаснат стигна вечерва околу 21 часот.

– Во текот на ноќта претставник на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и локален тим пожарникари ќе останат на лице место да внимаваат да не дојде до горење. Ако утре дојде до повторно разгорување на огнот два ертрактори на ДЗС се подготвени за дејство“,

изјави вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Проблеми при денешното гаснење на пожарот предизвикуваа гранати останати од Првата светска војна. Местото каде се одвиваше пожарот било линија на фронтот во текот на војната и таму забележливи се остатоци од ровови, бункери итн. Ангелов соопшти дека биле слушнати повеќе од 20 експлозии што најверојатно биле предизвикани од куршуми со голем калибар, но и разни детонации вклучувајќи ги тука и гранатите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе