Вести Свет Топ вести

Ги добивате до почетокот на есента – САД со порака до Украинците за тенковите „Абрамс“

Соединетите Американски Држави и официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови „Абрамс“ во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш.

„Тенковите Абрамс треба да стигнат до Европа, а потоа и во Украина, заедно со сите работи што ги следат“, рече Буш .Тенковите треба да стигнат до Европа, а потоа да бидат префрлени во Украина со муниција, резервни делови и опрема за гориво, пренесува „Си-Ен-Ен“.

САД почнаа да ги обучуваат украинските војници како да управуваат со тенкови во мај во Германија. 31 тенк од моделите М1-А1 наменети за Украина беа подложени на реновирање и подготовка за испорака неколку месеци и беа официјално одобрени за испорака во текот на викендот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе