Вести Македонија

Курти во петок доаѓа во Македонија, но не на средби со државниот врв туку со Касами, Ганиу и Меџити

Премиерот на Косово, Албин Курти неофицијално во петок доаѓа на гости кај градоначалниците на Тетово и Чаир, Биљал Касами и Висар Ганиу.

По средбите на централниот плоштад Илирија ќе се одржи културно забавна манифестација посветена на доаѓањето на косовскиот премиер во Тетово.

Според најавите, во Чаир косовскиот премиер е предвидено да се сретне со градоначалникот Висар Ганиу, но и со Изет Меџити, основач на новата политичка партија „Демократско движење“.

Со Ганиу ќе ја отворат улицата која го носи името на албански патриот и деец Адем Демачи.

За време на неговиот престој во земјава не се предвидени средби со неговиот колега премиерот Ковачевски, ниту со шефот на државата Стево Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе