Вести Македонија Топ вести

Законот за амнестија бил само најавен, опозицијата не го видела?!

Законот за амнестија им бил само најавен, не го ни виделе, а камоли прифатиле, тврдат од ВМРО ДПМНЕ, откако од  Правда соопштија дека предлогот е начелно прифатен од сите пратенички групи. Министерот Лога само ги информирал дека ќе прави закон.

Новиот Предлог-закон доаѓа само неколку месеци откако во собранието беше усвоена амнестија за лицата кои ги кршеа ковид-протоколите за време на пандемијата.. Закон за амнестија беше донесен и пред пет години, но му претходеше поголема јавна дебата – дали треба да им се простува казната на сторители на кривични дела поради немање простор или за подобра ресоцијализација.

Законот што сега се најавува го нема на ЕНЕР, не е ставен на увид на јавноста и експертите, а се` уште го немаат добиено ниту од пратеничките групи. Од Правда кусо објаснуваат дека со него ќе бидат опфатени затвореници осудени за полесни кривични дела, дека ова е само нацрт –текст на законот кој првин ќе биде даден на разгледување на пратеничките групи, а потоа објавен и во јавност.

Целта на законот, според објаснувањето е драстично да се ослободат затворските капацитети, кои во просек се со стотина лица повеќе од максимално дозволеното.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе