Вести Македонија Топ вести

Од вчера пуштена за сообраќај делницата Подмоље – Охрид

Пуштена е за сообраќај делницата Подмоље-Охрид, со што повторно може да се користи овој дел од влезот во Охрид. Оваа делница беше затворена поради градежни активности за изградба на клучката Охрид, на изградба на бетонски мостови, како и земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата.

Рокот кој го даде ЈПДП за пуштање на делницата беше 10 јули, но таа од вчера може да се користи, и повеќе не мора да се вози по регионалниот пат за влез во Охрид.

Автопатот се гради од 2014, но поради бројни неправилности и нерешени имотно-правни односи, до денес не е завршен. Последната најава од Владата е дека ќе биде завршен до крајот на оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе