Вести Македонија

Вработените во ССМ два месеци без плата

Поради интереси на поединци ССМ изминатиот месец е целосно блокиран а вработените во сојузот веќе втор месец нема да земат плата, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

Досега, тоа што се покажа е дека поединци имале некаков интерес да направат некаква штета на ССМ, меѓутоа тоа што радува е тоа што единството на членовите на органите и телата, единството на членовите на органите и телата на синдикатите здружени во ССМ и на работниците е на највисоко ниво и солидарноста во овој момент преовладува, рече Трендафилов.

Информираше дека ќе испратат барање до Министерството за труд и социјална политика веднаш да се почитува волјата и желбата на Конгресот како највисоко орган на ССМ. Сојузот е институција која постои од 1946 година, и никој не смее да се дрзне да го блокира, категоричен беше Трендафиловски.

Ние во ССМ изминатиот период ги спроведувавме сите процедури согласно нашите акти и статут, и на тој начин ја откочивме целокупната работа и целокупниот процес се со цел да можеме да организираме непречено и ССМ да може непречено да ги обавува функциите. Но ќе кажам дека поединци се обидуваат преку разни начини да прават притисок да не се случи апсолутно ништо во ССМ, се во интерес на поединци да ја искористат ситуациајта во која ние се најдовме како институција. ССМ најтешките моменти ги препроби стоејки и продолжуваме понатаму да ги браниме работничките права, рече Трендафилов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе