Вести Македонија Топ вести

Пронајдени ракетен фрлач, бомби, пиштоли – во Кондово приведени косовски државјанин и негова партнерка

Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение за кривично дело по чл.396 и чл.215 од КЗ, денеска извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во село Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

„При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, се наведува во соопштението од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе