Вести Македонија Топ вести

Уставен суд ја отфрли иницијативата за клубот Ванчо Михајлов

Уставниот суд ја отфрли Иницијативата на Левица со која се оспоруваат статутот и програмата на „Културниот центар Иван Михајлов“. Судот добил известување од Централниот регистер дека здружение со такво име не постои.

Затоа, беспредметно е да се расправа дали неговиот статут и програма се „насочени кон разгорување на национална или верска омраза и нетрпеливост и дали Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на земјата“.

Здружението со име Иван Михајлов беше избришано од Централниот регистер во март годинава, откако Министерството за правда го одби барањето да се користи името на оваа контроверзна личност, позната како близок соработник на фашистите.

Клубот беше отворен во Битола минатата година во април во присуство на речиси целиот државен врв на Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе