Вести Свет

Турската лира на граница на историскиот минимум по победата на Ердоган

Турската лира падна блиску до историскиот минимум во однос на американскиот долар по победата на Реџеп Таип Ердоган во вториот круг на претседателските избори.

Еден американски долар утрово се продава за 20,05 турски лири, додека негативен рекорд е забележан во петокот кога се разменуваше за 20,06 лири.

Турската валута загуби повеќе од шест отсто на својата вредност од почетокот на 2023 година, а нејзината вредност во последните 10 години падна за над 90 отсто.

„Победа на Ердоган не нуди сигурност на странските инвеститори“, смета експертот Хусеин Малик.

Централната банка на Турција во изминатите две години постепено ја намалуваше референтната каматна стапка од 19 на сегашните 8,5 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе