Вести Македонија Топ вести

Тринаесетмесечното бебе пуштено на домашно лекување, Комисијата со сет мерки за превенцирање на нови случаи

Нема нови случаи, само сет мерки за да не се рашири вирусот, констатира Комисијата за заразни болести, откако се појави првиот случаи со морбили во државата.

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе не било вакцинирано со првата доза против овој вирус, а според Мехмедовиќ оваа вакцинација е задолжителна.

Тринаесетмесечното дете од Свети Николе, кое е заразено со вирусот морбили, е во добра здравствена состојба и по поминати пет дена на Инфективното одделение, минатиот петок е пуштено на домашно лекување. По пуштањето на детето во домашни услови дадени се препораки за изолација на целото семејство.

Ова е прв случај на морбили во државата откако пред три години се појавија во Скопје, кога беше прогласена епидемија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе