Вести Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Судскиот совет постапил непрофесионално предлагајќи му на Собранието да ја избере Елизабета Дуковска за уставен судија

Предлогот судијката од Скопска Апелација Елизабета Дуковска да биде избрана за уставен судија предизвика слаб интерес кај пратениците. Опозициската ВМРО ДПМНЕ го оспори начинот на кој Судскиот совет ја избра оваа од трите кандидатки, со гласање само за неа а не и за останатите.

Опозицијата не гледа дека Дуковска е истакната или има некакви трудови во правните области за кои треба да одлучува Уставниот суд.

Судскиот совет тврди дека се работи за судијка која професионално ја извршува својата работа, за што добивала највисоки позитивни оценки. 11 членови гласале за неа, а двајца биле против, по што, воопшто не се гласало за другите кандидатки.

Уставниот суд никако да се комплетира. Во моментот, наместо со 9, работи со 6 судии. Во собраниска процедура `се уште е предлогот Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски да биде уставен судија. Изборот е блокиран во Комисијата за избори и именувања.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе