Вести Македонија

Во Србија повлечена една серија од БСЖ-вакцината, во Македонија не се набавува од истиот производител

Вакцината БСЖ кај нас, која се дава на бебиња е безбедна и ги задоволува сите стандарди и спецификации. Одобрена е од Агенцијата за лекови и строго контролирана.

Здравствените власти смируваат – не постои опасност, ниту потреба да се повлече БСЖ-вакцината како што тоа е случај во соседна Србија.

Таму се повлечени 834 ампули од овој медицински препарат. Јавноста и родителите се во паника, нема информација колку бебиња се имунизирани со вакцина од оваа серија и веќе бараат здравствените власти да испратат инспекција кај производителот.

Вакцината е произведена во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.

„Во нашата држава се користи БСЖ вакцина од производителот „Булбио“ од Република Бугарија“ , соопштија од МЗ.

Српските медиуми информираа за повлекувањето на овој тип на вакцина од здравствените установи. Станува збор за една серија од произведената вакцина, а повлечена е од целата територија, информираше Министерството за здравство на Србија.

Причината е минимално отстапување од строгите барања на спецификацијата на лекот.

БСЖ-вакцината е превентива за туберкулоза и се аплицира кај новороденчињата уште во првите неколку часа од раѓањето.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе