Вести Македонија

По 8 години затвор за двајца Унгарци и еден Германец, кои беа недостапни за судот за случајот „Маџар Телеком“

Kривичниот суд Скопје, ја објави првостепената пресуда за предметот „Маџар Телеком“ против три лица, двајца Унгарци и еден Германец, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон.

Станува збор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас.

Тројцата обвинети се прогласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата. Поранешните високи функционери во компанијата беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.

Секој од обвинетите доби по 8 години затворска казна. Воедно, обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата во висина од 67.407.760 денари за Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе