Вести Македонија

Да се вложува во сајбер отпорноста, препорачуваат експертите

Се позачестените сајбер напади не само во светот, туку и кај нас се доказ дека интересот за сајбер безбедноста и вложувањето во истата не е трошок, туку важна инвестиција и задача за целото општество, сметаат експертите. Во изминатиов период Македонија се соочуваше со зачестини сајбер напади на државни институции. Речиси две недели беше хакирана базата на податоци на Фондот за здравство, додека училиштата беа постојана мета на лажни дојави за бомби.

Треба да разбереме како помали земји, дека доколку не ја подигнеме националната отпорност, од врвот надолу и од дното нагоре, значи индивидуалната отпорност, отпорноста на заедниците, општинската отпорност, владината отпорност, на начин кој ќе им овозможи на нашите земји, навремено да ги идентификуваат заканите по националната безбедност и ризиците и да бидат способни да ги намалат последиците, да се подготват подобро, да одговорат и да се опорават успешно, немаме никаква шанса. Премногу сме мали, премногу сме ограничени, во финансиски аспект и во поглед на човечкиот капитал, за да успееме на поинаков начин, вели експертот за безбедност Беса кабаши.

Сајбер нападите, ширењето на дезинформации и манипулации се одличен механизам за да се внесе несигурност меѓу граѓаните, да се изгуби  вербата восистемот, во државата. Според Јехиел Хилик Бар доколку некоја држава, како на државно, владино ниво, безбедносно ниво, но и исто така и на граѓанското ниво, не знае како да се заштити себеси од сајбер напади, банкарскиот систем може да биде исклучен, здравствениот систем исто така, образовниот систем може да биде исклучен.

Тоа што Иранците го разбраа е дека ако не можат да го нападнат Израел со оружје, ќе се обидат да го нападнат Израел со сајбер напади. Замислете, ако во една држава не може да работат универзитетите, не може да работат болниците, ниту пак банките, тоа понекогаш е поголема закана и поголем проблем отколку заканата со конвенционално оружје која ја познаваме, вели Јехиел Хилик Бар, поранешен потпретседател на Кнесетот на Израел.

Високообразовниот процес треба да се адаптира за да може да даде соодветен одговор, додаде министерката Грковска и како новите генерации да ги препознаат релевантните извори, да ги отфрлат лажните, како да се справат со дезинформациите при тоа да се зголеми свеста кај младите  за злоупотребата на личните информации и приватноста на социјалните мрежи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе