Вести Македонија Топ вести

Тренд во текстилната индустрија – две светиниколски конфекции даваат по 5.000 денари за носење на нов работник

Паричната награда од 5.000 денари не го решава недостатокот на работници во текстилниот сектор. Менаџерскиот тим на две светиниколски конфекции „Мода“ и „Камотекс“ на своите работници решија да им дадат по 5.000 денари за донесен нов работник. Ангел Димитров, менаџер на „Мода“, вели дека има заинтересирано работници, но станува збор за работна сила која не е квалификувана за шиење на машина.

Димитров вели дека проблемот со недостиг на работна рака да го решаваат на покреативен начин, еден од начините е исплата и на К15 над законскиот минимум. Жителите на Свети Николе велат дека проблемот е тоа што младите им заминале во странство.

Компаниите во ТИР зоните претставуваат сериозна конкуренција на македонските компании, но оттаму сметаат дека платите веќе се изедначени. Македонските текстилни работници се со просечна старост од околу 50 години, а во Овчеполскиот регион за, речиси, 19 години се иселиле околу 3.500 граѓани.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе