Вести Македонија Топ вести

Рапидно е зголемен бројот на случаи на детска порнографија на интернет

26 години Македонија доцни во носење регулатива за безбедност на интернет просторот, реагираат експертите. И покрај тоа што политичарите често пати се залагаат за регулирање на истиот, во пракса нема конкретни резултати.

Според истражувањата во светскаи рамки за три пати е зголемен бројот на ширење на  детската порнографија за време на пандемијата со Ковид 19 кога најголем број од луѓето времето го поминуваа дома.

  • Податоци од МВР, официјални споредбено ако се гледа производство и дистрибуција на детска порнографија ние имаме 5 пријави, ако на европско ниво имаме зголемување за 300 %, кај нас имаме нула. Не значи дека тоа не се случува кај нас, затоа што имаме индиции дека се случува- Виолета Ѓорѓиевска,  Интернет Хотлајн Провајдер Македонија.

Важно е да се подигне свеста и да се има стратегија како да се препознае и при тоа не треба само да се работи само со децата, со младите луѓе, туку во таа стратегија да биде вклучен и наставниот кадар и родителите. Ѓорѓиевска со апел до премиерот Ковачевски да се формира Центар за побезбеден интернет, со акцент заштита на децата.

  • Да се основа центарот, затоа што согласно закон негово законско право е тој да ја даде наредбата, а министрите да ја спроведат- Виолета Ѓорѓиевска,  Интернет Хотлајн Провајдер Македонија.

Доколку имаме предвид дека 90% од населението се корисници на интернет важно е да постои стратегија со која  ќе бидат точно дефинирани и пријавени до надлежните институции сите злоупотреби на социјалните мрежи на кои секојдневно сведочиме, каде во најголем број случаи жртви се деца и млади луѓе.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе