Вести Свет

Десет ранети во пукање во Флорида, двајца во критична состојба

Десет лица се ранети во пукање во Лејкленд, Флорида, соопшти градската полиција.

Пукањето се случило вчера попладне, а две лица се во критична состојба, соопшти полицијата.

Се наведува дека напаѓачите во еден момент ги отвориле сите четири прозори од темносини возила и отвориле оган, а во престрелката биле ранети лица од двете страни на улицата.

Станува збор за темно син Нисан со 4 врати, со затемнети прозорци и привремени таблички. Возилото забавило, но не застанало и сите четири призирци се спуштиле. Се чини дека во возилото имало четворица патници кои почнале да пукаат од сите прозорци на возилото, и пукале кон машки лица и од двете страни на улицата, изјави началникот на полицијата во Лејкленд Сем Тејлор.

Полицијата во Лејкленд сè уште не идентификувала ниту еден осомничен и на Фејсбук објави дека нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.

На местото на пукањето била пронајдена марихуана, поради што полицијата се сомнева дека нападот се случил за време на продажба на дрога.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе