Вести Свет Топ вести

Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда

Русија и Белорусија започнаа еднонеделна вежба за обука на персоналот за заедничката команда на нивната регионална група на сили, соопшти денеска белоруското Министерство за одбрана.

Обуката е дел од подготовките за заедничките вежби што двете земји ќе ги одржат во Русија во септември, се додава во соопштението на белоруското министерство.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари лани, Минск досега спроведе различни воени вежби, самостојни и заеднички со Русија, засилувајќи ги овие вежби со ново оружје и воена опрема.

Неофицијалниот воен канал за следење на Телеграм соопшти  дека од почетокот на годината во Белорусија од Русија е пренесена воена опрема, вклучувајќи воени авиони ловци, хеликоптери и транспортни авиони,а само во неделата се донесени осум ловци и четири товарни авиони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе