Вести Свет

Радев закажа предвремени парламентарни избори во Бугарија на 2 април

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 2 април, најави попладнево бугарскиот претседател, Румен Радев.

Шефот на бугарската држава претходно денеска го прифати вратениот неисполнет трет мандат од претставниците на „БСП за Бугарија“, по што тој експресно одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК).

„Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните“, истакна претседателот Радев на средбата во ЦИК.

Претседателката на ЦИК, Камелија Нејкова порача дека ЦИК е подготвена да ги организира изборите на 2 април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот „зад решетки“, но и граѓанска должност, права и обврски – затворениците гласаат на двојните избори

Дејан Дејан

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе