Вести Македонија Топ вести

Вагон од патничи воз излизгал од шините кај „Кадина Река“, нема повредени

Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија за МИА од „ЖРСМ – Транспорт“.

– Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје, велат од „ЖРСМ – Траснпорт“.

Од МЖ за Телма велат дека сообраќајот сега е нормализиран и дека се утврдуваат причините за инцидентот кој е втор за само неколку дена на делниците на Македонски Железници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе